„Духовите на радиото“ е тема на „Радио ателје-Струга“ што од 22 април до 9 мај ќе се одржува во Струга во рамките на пролетниот циклус од проектот „Уметникот во заедницата - резиденција и развоен хаб, Вишни“ во организација на Иницијативата за независен културен активизам (ИНКА).

Прв од тројцата уметници резиденти, како што соопшти ИНКА, ќе биде Харис Сахачиќ од Босна и Херцеговина.

- Идејата позади „Радио ателјето“ е дружење, размена на знаење и создавање без страв од слободата. Поканети се сите луѓе од регионот на Струга и Охрид, кои сакаат да ја истражуваат морфологијата на артикулацијата, звучните пејсажи, акустичните украси и музицирањето со звук, информира ИНКА.

Заинтересираните можат да се пријават на zdruzinka@gmail.com.

Проектот „Уметникот во заедницата - резиденција и развоен хаб, Вишни“ се реализира преку WBF move funds, преку програмата за култура и креативност на Западен Балкан, имплементирана од УНЕСКО, финансирана од Европската унија. Активноста е поддржана и од Министерство за култура, а партнер во проектот е и Minipogon, Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 23:27