Проблемот со децата питачи во Куманово е суштински и треба да се ангажираат, граѓанските организации, локалната власт и МТСП за да се реши, порача денеска, Ахмет Јашаревски, советник во локален економски развој во општина Куманово. Во Куманово нема дневен центар кој ќе работи со децата. Граѓанската организација ДРОМ чека да се лиценцира и да може да понуди дневен центар за децата на улица.

- Лани преку „ДРОМ“ и општина Куманово почна со реализација на програмата „Деца на улица“. Мислам дека направивме добра кампања, средби со децата кои питачат на улица, по ресторани, заеднички со институциите Центар за социјални работи, полиција, заедничка екипа која работеше и интервенираше на месата каде питачат децата.

Добар дел од овие деца се на училишна возраст, лани на училиште се вратија дел од нив, но поголем процент сè уште питачат.

- Иако комунициравме со родителите понудивме и поддршка за вработувања повеќето, иако се корисници на социјална помош не сакаа да се вклучат на пазарот на труд, понудивме работни места. Сега пред извесен период поднесовме барање за добивање на лиценца со која би можеле да работиме со деца на улица. Од МТСП ни укажаа на законски стандарди кои треба да се исполнат тоа се однесува имање кујна, посебна простории за едукација. Тие стандарди организацијата ги нема разговараме да помогнат при исполнување на стандарди, рече Јашаровски.

Во овој период ниту организацијата има лиценца, општина нема средства за да финансира таков дневен центар и ќе бара поддршка од државната власт.

Изминатиов период во неколку наврати се одржаа средби на кои беше потенцирано дека е потребна суштинско решавање на проблемот со деца питачи во Куманово. Важно е системски да се искорени оваа појава, од која најмногу страдаат токму малолетните деца, сметаа претставници на општината и државните институции во градот. Првично улогата на институциите е содоветодавна и внесување на децата и нивните семејства во системот за заштита кој обезбедува и други права вклучување во образование, здравство, остварување на парични средства, еднократна парична помош, зависно од состојбата и нивните потреби.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 23:33