Кошаркарите на Париз ја добија финалната серија од Еврокупот против екипата на Бург со 2-0. Париз победи на својот паркет со 77:64, a во вториот меч забележа триумф со 89:81.

Ти Џеј Шортс со 22 поени, Надир Хефи со 14 поени, Микаел Јантунен со 13 поени, а Тајсон Вард со 10 поени го предводеа Париз.

Кај Бург, Ајзеја Мајк постигна 16, Џереми Морган постигна 14, Бодијан Маса 12, Аксел Џулиен 11 поени.

Париз следната сезона ќе игра во Евролигата, додека Бург повторно ќе биде учесник во Еврокупот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 04:25