Иако љубовта е најважната работа во една врска, страста исто така игра многу важна улога. Кога страста исчезнува љубвта со текот на времето згаснува, и веруваме дека никој од вас тоа не го сака за себе и за партнерот. Ако забележите дека има се помалку и помалку страст во вашата врска, можно е сами да бидете виновни за тоа , дали се тоа некои од вашите лоши навики или пак здравствени проблеми.

Еве седум можни начини со кои ја уништувате вашата страст во врската:

1. Диета

Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, вашето либидо со сигурност може да опаѓа. Намалувањето на калориите во вашето тело исто така го намалуваат и внесот на енергија што исто така може да предизвика да го изгубите „апетитот“ за сексот.

2. Недостаток на сон

Ако спиете помалку од пет часа на ден, постои шанса за намалување на секрецијата на машкиот полов хормон тестостерон, што доведува до намалена сексуална потреба. Лишувањето од сон е исто така одговорно за намалување на женското либидо.

3. Контрацептивни таблети

Според спроведените студии ширум светот, се потврди сомневањето дека контрацептивните таблети кај жените ја намалуваат желбата за секс.

4. Прејадување

Ако сте склони кон прејадување, нема простор за жешки игри. Поточно, со внесување храна што содржи премногу заситена маст, вие директно влијаете на помал проток на крв во гениталиите.

5. Стрес

Дури 60 проценти од жените во една студија откриле дека заморот и стресот се главните виновници за намалената сексуална желба. Истата причина се појавува и кај мажите.

6. Депресија

Оваа ментална состојба многу влијае на либидото кај една личност. Дури 70 проценти од оние кои ја доживеале оваа состојбата, изјавиле дека нивната депресија ја намалила желбата за секс, а за некои од антидепресивите било утврдено дека се директно одговорни за сексуална дисфункција.

7. Анемија

Кај жените анемијата може да биде виновникот за помала потреба од секс. Решението е да внесете повеќе железо во организмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 05:33