Со ова само ја покажувате вашата несигурност

Мажите по сексот сакаат да спијат, а жените повеќе сакаат да разговараат. Добро би било да се најде компромис, а тоа беше потврдено и со неодамнешната спроведена студија, во која се вели дека и двата пола, всушност, сакаат да јадат пица после секс.

Сценариото „Pillowtalk“ кое се смета за идеално, вклучува нежна прегратка, по некоја шега и спиење.

Во секој случај, постојат 2 работи кои никогаш не треба да ги кажете по сексот. Затоа внимавајте да не се лизнете.

Дали ме сакаш?

Сосема е во ред да го поставите ова прашање во било кој друг дел од денот, но веднаш по сексот не е идеален момент. Ова прашање може да го оддалечи мажот од вас. Ако ве сака, тој тоа најдобро ќе ви го покаже со начинот на кој води љубов со вас. Ако една жена го праша мажот дали ја сака веднаш по сексот, тоа значи дека таа се чувствува несигурно, што ќе се одрази уште повеќе на неа.

Ти се допадна?

Дали навистина постои жена која мисли дека мажот ќе и одговори негативно на ова прашање? Дури и да не му се допаднало, тој никогаш нема да ви го каже тоа. Првенствено затоа што тој не сака да влезе во подолга дискусија. И исто како и во претходниот случај, овој вид на прашање ви дава несигурност.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 05:33