Женскиот мозок реагира на порнографијата интензивно исто како и машкиот мозок, според истражувањето на германски институт.

Иако досега се веруваше дека има големи разлики помеѓу мажите и жените кога станува збор за сексот, односно се веруваше дека мажите се многу повеќе заинтересирани за сексот отколку жените и дека нивниот изглед е важен, излегува дека тоа тврдење и не е толку точно.

Резултатите од спроведеното истражувањето на над 2.000 луѓе покажуваат дека мажите и жените реагираат подеднакво на порнографијата.

“- Постојат разлики во однесувањето - поголемиот дел од корисниците на интернет порнографијата се мажи, дури 80 проценти од вкупниот број. Но, мозокот на мажот и мозокот на жената реагираат подеднакво исто на визуелната сексуална стимулација. Она во што се различни е однесувањето кое доаѓа потоа” - објаснува авторот на студијата Хамид Нори.

Тој вели дека жените помалку гледаат во порнографијата затоа што е стигматизирана, но кога тоа ќе си го дозволат, тие се исто толку стимулирани како и мажите.

“- Резултатите не докажуваат дека женскиот мозок и машкиот мозок реагираат на порнографија идентично, затоа што скенирањето на мозокот покажува активност само на ниво на релативно големи анатомски структури “- заклучува и додава дека сè уште има разлики во нивото на мозочните клетки што не се гледаат на скенирањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 05:34