Дури и во најкомплицираната врска, постојат тајни кои жената никогаш нема да му ги открие на својот маж. Без оглед колку го сакате, за некои работи е тешко да се признае, без разлика дали тоа е поради страв од осуда или затоа што едната страна сака да ја поштеди другата личност од незгодни сознанија.
1. Жените спијат со повеќе мажи отколку што мисли нивниот партнер
Доколку мажот ја праша својата партнерка за бројот на партнери со кои била пред него, секоја трета жена во својот одговор го намалува бројот на партнери. Жените не сакаат да зборуваат за нивните претходни врски.
Ако мажите сакаат навистина да откријат кој се крие во минатото на својата партнерка, ќе треба да дадат се од себе и да се потрудат многу, вели експертот за измама и за психологија-Тим Кол. Дури и да постои најмал сомнеж, жената нема да го погледне своето искуство со одобрување, и жената ќе го премолчи.
2. Глумат оргазам
Дури 48 проценти од анкетираните жени признаваат дека глумат оргазам. 35 проценти од нив признаваат дека понекогаш знаат да одглумат оргазам, секој втор пат во сексуалниот одност со партнерот знаат да одглумат 16% од нив, додека пак секоја дваесетта жена секогаш глуми оргазам. Според една студија од 2011 година, 63% од жените кои имале оргазам не настојувале на тоа да имаат секс, додека 29% воопшто не сакаат секс. Значи, тие само сакаат да го тргнат тоа од дневниот ред.
3. Одржуваат контакти со бившите
Според истражувањето објавено во 2010 година, скоро 75% од испитаниците одржуваат контакт со поранешните сексуални партнери, и тоа најчесто преку социјалните мрежи. Предупредувачките знаци за ова се брзото затворање на прозорецот на екранот или пак заклучувањето на лаптопот во моментот кога партнерот влегува во просторијата.