Соочувајќи се со нештата што предизвикуваат страв, фобичарот се препотува, има забрзано биење на срцето, отежнато дишење, и се плаши за својот живот и сето тоа е придружено со потребата да се бега
За нешто што може да предизвика толку страдање како фобијата, зачудувачки е колку многу луѓе тврдат дека страдаат од некаква фобија, а колку од нив грешат во самодијагнозата. Самоопишаните компјутерски фобичари се далеку од тој вид. Можеби не се заинтересирани за пеколни машини и можеби повремено сакаат да фрлат некого низ прозорец, но тоа не е исто како вистинската фобија. И самодефинираните клаустрофобичари често си прават погрешна дијагноза. Можеби не ви е пријатно да седите на средното седиште на прекуокеански лет, но ако при тоа не ви тупоти срцето и го загубите здивот, најверојатно не сте фобичар. Не е секогаш лесно да се повлече линија меѓу непријатност и ужаснувањето при фобијата, а тоа уште повеќе е отежнато со фактот дека стравот од одредени околности е совршено соодветно. Нормално е при летањето во бура или возењето низ метежен сообраќај не е вистинското време да се исплашите.
Стручните лица, велат дека вистинската фобична реакција е сосема поинаква категорија од ужасот, тоа е огнена стихија во централниот нервен систем која не може да се измеша со нешто друго. Соочувајќи се со нештата што предизвикуваат страв, фобичарот се препотува, има забрзано биење на срцето, отежнато дишење, и се плаши за својот живот и сето тоа е придружено со потребата да се бега. Поголемиот дел од времето, кога не се во близина на предметот или ситуацијата што ги плаши, ја минуваат во страв од следната средба со предметот или ситуацијата, па смислуваат разноразни стратегии како да ги избегнат . Жанет (44) е учителкакоја толку се плаши од мачки што секојпат кога оди во непозната продавница ја праќа ќерка си (21) во извидници да провери да не има мачки некаде во близина. Нора (50) е социјална работничка која ќе сврти цел круг околу блокот на згради вртејќи десно по улиците само за да не сврти лево од улицата бидејќи тогаш ќе треба да се соочи со сообраќајот.
Психолозите ги делат фобиите главно во три категории:
социјални фобии, кога фобичарот се ужаснува од страв при било каква социјална и професионална средба; панични пореметувања, при што личноста периодично е парализирана од неизмерно силен страв без одредена јасна причина; и специфични фобии, како страв од змии, затворени простори, височини и слично. Од сите видови на фобии најлесно се лекуваат специфичните фобии, бидејќи најлесно може да се разберат.
Човечкиот мозок е многу софистицирана работа, но во него с&ицирц; уште има заостанато голем број древни програми. За Мартин (21) студент по стоматологија во Лондон, Онтарио толку многу се плаши од змии што со хефталица ги захефтал страниците од еден учебник по биологија за да се осигура дека нема да му се отврои страница на која има фотографија со змија. Често пати се буди од кошмари во кои седи на шипка или на стадион и одеднаш гледа змија како му се доближува. "Чудно е тоа, бидејќи не се наоѓам во ситуации во кои би можел да видам змии", вели тој.
Неговиот мозок, или барем најстарите делови од мозокот, може некогаш да се наоѓале во ситуација да гледат змии. Една од оние работи што му помогнало на човекот да преживее била силната реакција на страв и бегање: вроденото чувство за местата и нештата што претставуваат опасност и рефлексивниот импулс да се бега при средба со тие опасности. А откако човекот станал најстрашниот предатор неколку милиони години подоцна, не било лесно да се заборавата тие лекции.
Современите истражувачи веруваат дека не е случајност тоа што специфичните фобии обично се делат на четири подкатегории кои би имале одредено значење за нашите древни предци: страва од инсекти или животни; страв од природна средина како што се височините и темницата; страв од крв или повреди; и страв од опасни ситуации како на пример да се биде заглавен во тесен простор. "Фобиите не се случајни", вели психологот Мишел Краск. "Се плашиме од сето она што претставува закана за нашиот живот и опстанок". Кога времињата се менуваат, се појавуваат нови стравови, но голем дел од луѓето и натаму спаѓаат во една од четирите групи.
Стравовите од современите опасности се развиваат во истиот предел од мозокот како и кај древните предци - тоа е пределот од мозокот во кој се наоѓаат првобитните реакции, вклучувајќи го гневот и сексуалните нагони. "Се чини дека современите луѓе научиле од своите древни предци од што да се плашат и како да реагираат", вели Барлоу.