Речиси 40 отсто од лицата кои страдаат од фобии имаат барем еден фобичен родител, што доведува до претпоставка дека фобиите се наследни

Но не кај сите луѓе древната историја се претвора со фобија. Можеби е точно дека нашите далечни предци кои ни дале основа за фобиите, но нешите непосредни предци , особено родителите, се решавачкиот фактор. Речиси 40 отсто од лицата кои страдаат од фобии имаат барем еден фобичен родител, што доведува до прептоставка дека фобиите се наследни. Од неодамна научниците тврдат дека пронашле ген за фобијата, но ниедно од тие тврдења не дило подетално проучено. Ако фобиите се генетски базирани, секако дека се потребни повеќе гени за да дојде до појава на одредена фобија.

Но, нема потреба да се бара решение во генетиката се додека се учат некои работи. Траума од детството, да речеме пожар во домот или каснување од куче, може да бидат повеќе од доволни за да го привлече вниманието на мозокот и да послужи како складиште за почетни стравови. "А и лекувањето е проблематична работа", вели Краск. " Две лица може да доживеат сосема идентична траума, но високо емотивната личност ќе биде повеќе ранлива за стравот". Дури и стравот од втора рака - кога детето ги гледа родителите дека реагираат со ужаснување кога ќе видат бубашваба или крв - исто така може да играат одредена улога во појавата на фобиите. Во журналот "Нејчр" беше објавена студија во која истражувачите извршија сканирање на центрите за страв во мозокот на доброволците и открија дека кога на испитаниците им било кажано дека треба да очекуваат електричен удар, невролошката реакција на очекуваниот удар бил исто толку силен како стравот што се заснова на искуство. "Има вистина во тоа дека фобиите може да се научат", вели Една Б. Фоа, професор по психологија и психијатерија на Универзитетот во Пенсилванија. "Ние реагираме на она што го гледаме и ли доживуваме".

Во голем број ситуации, мозокот може да мисли дека &иацуте; прави услуга на психата на детето со развивањето на фобија. Светот е страшно место, а малите деца постојано се плашат додека не го запознаат подобро. Ако живеете со генерализирано чувство на опасност, многу е корисно да се најде еден предмет на кој ќе се насочи сиот неформиран страв - змија, пајак или стаорец. Специфичната фобија станува еден вид заднина за стравот, контролиран пламен што ги спречува другите пламени да се прошират. "Разумот бара рационално објаснување на неочекуваните доживувања на примитивниот ум", вели психологот Стивен Филипсон, клинички директор на Центарот за когнитивно-бихејвористичка психотерапија во Њујорк Сити.

Но состојбата на страв што лесно се закачува, исто толку лесно може да се откачи, и тоа обично без употреба на лекови. Она што најмногу ја зајакнува силата на фобијата е стратегијата на фобичарите да си ја олеснат маката: избегнувањето. Колку повеќе фобичарите се трудат да ги избегнат работите од коишто се плашат, толку повеќе мозокот се убедува дека заканата е вистинска. "Работите што ги правите за да го намалите стравот само ги влошува работите", вели Барлоу. "Треба да се ослободиме од тие работи".

А докторите токму тоа го прават. Пациентот којшто доаѓа во клиниката на Барлоу во Бостон прво го испитуваат дали има одредена специфична фобија, а потоа во текот од два дена се изложува на она што ја предизвикува таа фобија. На лицата кои се плашат од шприцови и крв, на пример, прво им се покажува фотографија на којашто има трага од крв. Безопасните фотографии претходат пред графичките фотографии, а по графичките следи покажувањето на вистински шприц. Со текот на времето шприцот се доближува поблизу до пациентот, а тој учи да го држи па дури и да толерира вадење крв.

Ова е далеку од лесно за лицето кое страда од фобија. Но, постепено, со минување кон повисоките нивоа на изложување, стравот почнува да се намалува и се појавува само тогаш кога ќе се зголемува интензитетот на изложеноста. "Како што луѓето се навикнуваат на бучавата на сообраќајот, така и фобичарите полека престануваат да реагираат на работите од кои порано се плашеле", вели Филипсон.

Со постепеното навикнување следи целосно излекување. Според неодамна спореведените студии на Ларс Горан Ост, професор по психологија во Универзитетот на Стокхолм и еден од пионерите на еднодневните лекувања на фобиите, 80 до 95 отсто од фобичарите успеваат да се излечат од фобиите. А кога ќе исчезнат симптомите, обично не се враќаат. Пацинетите, вели тој, ретко доживуваат враќање на фобијата, и речиси никогаш не го заменуваат предметот од којшто се плашат со нов предмет на фобија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 05:39