Додека сте излегувале на состаноци сте обожавале да носите кратки здолништа и секси маички, но во брачниот живот сфаќате дека сé е поинаку. Со оглед на тоа дека треба да извршувате многу работи, не можете цело време да ја носите вашата секси облека или да чистите подома облечени во вашиот нов фустан, па одбирате гардероба во која би се чувствувале удобно. Главниот проблем во цела оваа работа е што за вас е сосема супер, но тоа не е облеката во која на вашиот сопруг би му предизвикале интерес за вас како кога сте биле во врска. Прашањето е : Како да бидам секси домаќинка?

Се разбира дека миењето садови и готвењето само по престилка звучи малку нереално особено ако имате деца околу вас, но и во овој случај можете да останете секси за вашиот сопруг.

Одбирајте ја вашата облека

Да, знаеме дека совршеното парче гардероба додека миете, спремате доручек и чистите прашина подома е старата широка памучна маица, но, вашиот сопруг дефинитивно не би сакал да ве гледа во неа. Во раните утрински часови додека готвите појадок, може на себе да имате долг фустан, кој секако, може да го преслечете откако тој ќе замине на работа и повторно да го облечете пред да се врати.

Шминка

Не заборавајте дека треба да бидете нашминкани за вашиот сопруг дури и да не одите на излегување или по гости. Направете го тоа за него. Уредената коса преку целиот ден е исто така задолжителна. Никој не ви вели дека треба да носите пунџи и да седите натапирани и испрскани со лак за коса, но не и да одите разбушавени, со замрсени корени и испукани врвови.

Отстранувајте ги влакната на нозете и останатите делови од телото

Ако нешто е најмалку секси, тоа се влакнестите нозе, пазуви и останати делови од вашето тело. Поради тоа, отстранувајте ги влакната дури иако е зима. Што помалку влакна на тело, толку посекси.

Носете секси долна облека

Ова е клучот за долг и среќен сексуален живот. Дури и ако спиете голи и на вашиот сопруг тоа му се допаѓа, сепак оставете нешто за имагинација. Бидете сигурни дека нема да остане долго на вас.

Забавувајте се

Никогаш не сте престари за флертување – не заборавајте ја женственоста во себе. Дозволете си чаша вино после тешкиот ден, спуштете ја косата и потсетете се себе си и вашиот сопруг дека сте жена.

Грижете се за себе

На никој нема да му биде грижа дали и колку сте се измориле и сте сработиле во текот на денот, но на вас нека ви биде. Издвојте време за себе, напрвете си маникир/педикир и освежете се со некоја маска.

Направете нешто во што ќе уживате

Да, вие сте многу зафатени грижејќи се за вашиот дом, но треба да направите и нешто во што ќе уживате. Без разлика дали тоа е посета на некои часови, читање, работа со скратено работно време, вие треба да си го сочувате здравиот разум.

Правете ситни работи кои ги обожава вашиот сопруг

Секој маж има по некоја ситна работа која ја прави неговата жена а тој ја обожава. Дали е тоа шеткање подома облечени во неговата маица, правење на кафе или средување на облеката во babydoll, правете го одвреме навреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 05:41