Плејмејкерот на Париз, Ти-Џеј Шортс е прогласен за најкорисен играч на финалето на Еврокупот во 2024 година. Парискиот тим ја доби финалната серија против Бург со 2:0.

Во финалната серија 26-годишниот Американец со македонски пасош имаше просек од 18 поени, 4,5 скока, 4,5 асистенции и 1 украдена топка.

Шортс претходно го освоија МВП на регуларниот дел од сезоната на Еврокупот оваа сезона.

- Благодарен сум на сите што на теренот дадоа придонес за победата. Противникот има квалитетен состав. Драго ми е што ја освојувам оваа награда, рече Шортс.

Париз го освои Еврокупот за прв пат во историјата. Оваа сезона е трета за клубот во елитата на француската кошарка.

Со триумфот во Еврокупот, Париз си обезбеди место во елитната Евролига следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 17:28