Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, е уверен дека се затрул од храна во хотелот пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, пишува „Дејли стар“.
Во вторник, 9 април, екипите одиграа нерешено, 3:3 на „Сантијаго Бернабеу“.
Триесет и двегодишниот Белгиец се чувствуваше лошо и не настапи на натпреварот. Лекарите на клубот беа загрижени за масовно труење, но тоа не се случи.
Де Брујне веќе се врати на тренинзите и ќе може да игра против Лутон овој викенд.
Реваншот со Реал ќе се одигра на 17 април во Манчестер на стадионот „Етихад“