Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид се повреди на натпреварот со Орландо одигран ноќеска на домашен терен.

Триесетгодишниот Камерунец го повреди коленото на крајот од втората четвртина. По повредата кошаркарот замина во соблекувалната, каде му беше укажана лекарска помош. Во вториот дел од натпреварот се врати на паркетот.

Натпреварот го заврши со дабл-дабл (32 поена и 13 скока) за 32 минути поминати на теренот.

Ембид оваа сезона настапи на 39 натпревари, со просек од 34,7 поени, 11,0 скока и 5,6 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2024 18:24