Претседателот на шпанската Ла Лига нема да биде реизбран доколку Суперлигата не успее.

Во декември се дозна дека Хавиер Тебас беше реизбран за четврти мандат - до 2027 година. Други кандидати за претседател на Ла Лига немаше.

- Ако за четири години Суперлигата е сè уште мртва, јас нема да останам претседател. Во спротивно ќе барам нов мандат.

-Во Европа има над 60.000 професионални клубови и Суперлигата ќе го уништи тој екосистем. Парите ќе одат за најбогатите клубови и играчи. Ова е етичко прашање. Ова не треба да се случи, изјави Хавиер Тебас.

Да потсетиме, Тебас ја извршува функцијата прв човек на Ла Лига од 2013 година.

Хавиер Тебас е познат како голем противник на проектот европска Суперлига и беше еден од најгласните во барањето клубовите иницијатори да се санкционираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2024 04:14