Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа три средби од 27. коло. Домашните екипи забележаа победи, најтешко до бодовите стигна Брера со гол во судиското надополнување.
Резултати:
АП Брера Струмица – Воска Спорт 1:0
Гостивар – Тиквеш 2:1
Шкупи – Македонија ЃП 3:1
Утре се играат преостанатите три средби од ова коло:
Работнички – Вардар
Шкендија – Силекс
Струга Трим Лум – Брегалница.
Почетокот е во 15 часот.
По половичното 27. коло лидер на табелата е Струга со 54 бодови, исто колку и второпласираниот Шкупи.