Македонскиот ракометен вцицепрвал Алкалоид вечерва забележа победа на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш со 28:23 и ги задржа шансите за висок пласман.

Репрезентативецот Марко Митрев беше најефикасен во победничкиот тим со седум погодоци, кај домаќините се истакна Мартин Манасков со осум голови.

Резултати на другите натпревари од 9. коло во плејофот од машката ракометна Супер лига:

Еурофрам Пелистер – Бутел 30:22 Струга – Охрид 21:24 Пролет – Вардар 20:21

Табела: Еурофарм Пелистер 26, Вардар 24, Охрид 23, Алкалоид 21, Тиквеш 16, Пролет 6, Бутел 4, Струига 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2024 05:04