На територијата на Националниот парк „Шар Планина” има активен пожар, при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, соопшти Центарот за управување со кризи.

-Пожарот се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен стрмен терен. Локацијата била и претходни години горена со што има голема количина лежечка дрвна маса во којашто огнот тлее преку ноќта, но повторно се активира во попладневните часови, а дополнително се тркалаат опожарени трупци и го пренесуваат огнот надолу многу брзо и со тоа зафаќаат поширока територија, информираат од ЦУК.

Оттаму посочуваат дека ренџерската служба веќе три дена се обидува да го локализира пожарот, но земајќи ги предвид сите услови, нивните човечки ресурси се исцрпени, не се во можност сами да се справат со овој се уште активен пожар.

Од Националниот парк побарале помош од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и хеликоптер на МВР веќе дејствува.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2024 20:52