Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека никогаш не се сметал себеси за голем тренер.
- Никогаш не се сметав себеси за голем тренер. Никогаш, никогаш во мојот живот. Сè уште сум изненаден што луѓето ме гледаат вака. Главното е што навивачите на Ливерпул се задоволни со нас, а тоа е единствено важно. Не сакам мојот надгробен споменик да каже: „Еве еден од најуспешните тренери на планетата“. Не, не е за мене. Сакам да бидам запаметен како личност која им помагала на луѓето во животот, изјави Клоп, за „Independent“.
Клоп е на чело на Ливерпул од 2015 година. Претходно, 56-годишниот тренер изјави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.
Ливерпул под водство на Клоп стана шампион на Англија, освојувач на националниот Куп и Суперкуп, како и освојувач на Лигата на шампионите.
Тимот по денешниот пораз од Кристал Палас (0:1) моментално се наоѓа на 3.место на табелата во Премиер лигата со 71 бод.