Интер може да ја освои шампионската титула веќе во следното коло од Серија А.
„Нероаѕурите“ синоќа одиграа нерешено 2:2 со Каљари и се лидери на табелата.
На шест кола пред крајот на првенството избраниците на Симоне Инзаги имаат 83 бодови, додека Милан кој вчера ремизираше со Сасуоло (3:3) заостанува 14 бода. Јувентус е на 3. место со 63 бодови, на 4. место е Болоња со 59 бодови.
Така, во случај на победа над Милан во следното коло, Интер предвреме ќе стане шампион на Италија - водството ќе се зголеми на 17 бода, предност која не може да се стигнеме ниту теоретски.
Дербито во 33. коло во Серија А ќе се одигра следниот понеделник на 22 апри