Вкупно 32 заболени од пертусис регистрира Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 32 пријавени лица на ниво на Центарот, во Куманово, заболени се 26 лица.
- Новозаболените се на домашно лекување. Станува збор за деца од 11 до 17 годишна возраст, сите се комплетно вакцинирани и се во општа добра здравствена состојба, изјави доктор Рамизи.
Во Кратово регистрирани се три случаи, во Крива Паланка два и еден случај има во Липково.
- Најважна е вакцинацијата која се спроведува тековно во вакциналните пунктови, изјави д-р Рамизи.
Од Центарот за јавно здравје велат дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните …