Австрискиот фудбалски првак и актуелен лидер на табелата РБ Салцбург на само еден месец пред крајот на сезоната му врачи отказ на тренерот Герхард Штрубер.

Во Салцбург решија да ја прекинат соработката со Штрубер по поразот од 1-3 на гостувањето кај ЛАСК во Линц минатиот викенд.

Штрубер на почетокот на оваа сезона го замени Матијас Џејсле, кој реши да замине во Саудиска Арабија.

Бранителот на австриската титула до крајот на сезоната ќе го води Онур Цинел, поранешниот тренер на второлигашот Лиферинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 22:25