Центарот за јавно здравје од Охрид во неколку наврати воведе, и продолжува да воведува нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, со цел да се одговори на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби.

Центарот обезбеди најсовремен инструмент со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија, преку детекција на генетски материјал (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, за релативно кратко време да се утврди присуство на патогени микроорганизми во примерок на фецес (измет) и назофарингеален брис (брис од нос).

Во моментов, во микробиолошките лаборатории на Центарот за јавно здравје во Охрид, на располагање се тестови за детекција на микроорганизми прeдизвикувачи на гастроинтестинални (цревни) инфекции и труења со храна, на токсини на бактеријата Ентерохеморагична Еscherichia coli и тоа Verotoxin 1 и 2, In>min, Haemolysin, EIEC/Shigella, EAggEC, Verotoxin 2fb, потоа за детекција на токсини на бактеријата Clostridium diKcile и тоа: toxin A и B, GDH, Binary toxinc. Уште во Центарот се вршианализa за утврдување присуство и диференцијација на различни типови Салмонела 2, како и за детекција/скрининг на MRSA (тип на бактерија-Метицилин резистентна стафилокока која е резистентна на многу антибиотици, а е причинител на интрахоспитални инфекции што се исклучително тешки за лекување.

-На овој начин, користејќи високо софистициран инструмент на база на молекуларна технологија, овозможуваме на лекарите за неполни два часа, да добијат точни показатели за правилно и навремено дијагностицирање на одредени здравствени состојби кај пациентите со цел ефикасен третман на истите, соопштуваат од Центарот за јавно здравје – Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 23:21