Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Саво Милошевиќ е отпуштен од должноста селектор на Босна и Херцеговина (БиХ), откако не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија, јавија денеска локалните медиуми.

Според истите избори, фудбалскиот Сојуз на БиХ одлучил да не го продолжи договорот со Милошевиќ откако тој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство.

Во дополнителните квалификации селекцијата на БиХ беше елиминирана од Украина.

Милошевиќ беше трет тренер на БиХ за една година откако беше назначен во септември.

Тренерската кариера Милошевиќ ја почна во белградски Партизан во март 2019 година, а пред назначувањето за селектор на БиХ ја предводеше љубљанска Олимпија, каде остана само четири месеци во текот на 2020 година пред да биде отпуштен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2024 04:22