Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашањето дали пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе влијае на неговата одлука за иднината.
- Не, нема да влијае. Горд сум што го носам дресот на ПСЖ бидејќи сум Парижанец. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ. Ќе се обидеме да одиме на „Вембли“, го цитира Мбапе новинарот Фабрицио Романо.
ПСЖ синоќа ја совлада Барселона (4:1) во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите и се пласираше во полуфиналето на турнирот (6:4 по два меча).
Во полуфиналето избраниците на Луис Енрике ќе се сретнат со Борусија Дортмунд.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Претходно медиумите објавија дека 25-годишниот Французин ќе го напушти францускиот клуб и ќе премине во Реал Мадрид