Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, по поразот од ПСЖ (1:4) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, е убеден дека следната сезона тимот ќе оди уште подалеку.

- Додека натпреварот беше 11-на-11, ние бевме добро организирани. Текот на натпреварот целосно се промени по исклучувањето на Арухо. И покрај тоа што бевме во малцинство, имавме шанси за уште некој гол. Не ни беше лесно бидејќи игравме со десетмина. Би било интересно да се види како ќе беше резултатот доколку тимовите останеа рамноправни. Мислам дека достојно се покажавме во оваа ЛШ. Барселона ќе се врати посилна следната сезона и ќе оди уште подалеку,изјави Чави.

ПСЖ победи со вкупен резултат (6:4) и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде ќе игра против Борусија Дортмунд.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2024 18:16