Уапсен 22-годишен прилепчанец, во чиј дом вчера полициски службеници пронашле дрога.

- На 16.04 2024 во Прилеп, полициски службеници од го лишиле од слобода прилепчанецот Б.С.(22). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага, предмет со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопштуваат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 00:35