Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сега го држи единствениот рекорд за најмногу натпревари во Лигата на шампионите без примен гол - 58.

Овој факт се случи по победата на Баварците од 1:0 над Арсенал во четвртфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир. 38-годишниот ветеран го надмина достигнувањето на уште еден легендарен голман - Икер Касиљас, бидејќи двајцата досега имаа 57 чисти мрежи во Лигата на шампионите.

Овој импресивен рекорд Нојер го постигна на 138 натпревари, додека поранешниот голман на Реал Мадрид одигра 177 натпревари во Лигата на шампионите. На третото место на листата по бројот на натпревари без дозволен гол на турнирот е уште еден култен голман од блиското минато - Џанлуиџи Буфон (52 чисти мрежи на 124 натпревари).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 21:36