Француските медиуми го објавија писмото кое Жоел Ембиид му го испратил на францускиот претседател Емануел Макрон пред три години, во кое тој се заколнува на лојалност на „триколорите“, особено за настапите на претстојните Олимписки игри.
Но во меѓувреме, кошаркарот на Филаделфија ја промени својата одлука, па на Игрите во Париз ќе ги брани боите на Соединетите Американски Држави.
-Откако разговарав со луѓе од Француската кошаркарска федерација, донесов одлука. Сакам да преземам чекори за да станам „натурализиран“ играч и на тој начин да можам да бидам член на „сините“. Затоа не сакам да играм за која било друга репрезентација, напиша Ембиид во 2021 година и додаде: „Никогаш не сум ги носел боите на ниту една репрезентација, би ми било голема чест да се приклучам на овој француски тим за да учествувам на следните големи натпреварувања, конкретно на Олимписките игри во 2024 година“.
Бидејќи Американците му понудија државјанство, Ембиид реши во меѓувреме да игра за нив, па неодамна се најде на списокот на Стив Кер за натпреварувањето во Париз.
Покрај Камерунецот, на листата се и Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс и Бам Адебајо.
За потсетување, Америка на Олимписките игри ќе ги одмери силите во групата Ц со Србија, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико