Рома четврта сезона по ред е во полуфинале на Евротурнир. „Волците“ на домашен терен го победија Милан со 2:1 и со вкупен резултат 3:1 од два меча продолжуваат меѓу последните 4 екипи во Лига Европа.

Откако пред 2 сезони римјаните ја освоија Лигата на конференциите, а минатото лето загубија по пенали од Севиља за Лига Европа, сега тимот повторно е во полуфинале. За противник ќе го имаат Баер Леверкузен, кој не само што е шампион на Германија, туку е и без пораз од почетокот на сезоната.

За успех денеска беа доволни головите на Џанлука Манчини и Паоло Дибала во првото полувреме. И покрај тоа што од средината во првото полувреме Рома играше со човек помалку, откако црвен картон заработи Зеки Челик, „росонерите“ не создадоа многу шанси. Почесниот гол за тимот од Милано го постигна Матео Габија во 85. минута.

Ливерпул во Италија, пак, ја победи Аталанта со 1:0, но испадна во четвртфиналето на Лига Европа.

Како што е познато, Италијанците го добија првиот меч на „Енфилд“ со 3:0 и се пласираа во полуфиналето на турнирот со вкупен резултат 3:1.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мохамед Салах од пенал во седмата минута.

Така, избраниците на Јирген Клоп може да останат без трофеј откако се аут од Европа, испаднаа во ФА Купот, а во првенството пред неколку дена направија смешна грешка, која ги оддалечи од посакуваната титула.

Резултати од четвртфиналето на ЛЕ:

Аталанта - Ливерпул 0:1

Рома - Милан 2:1

Вест Хем - Баер Леверкузен 1:1

Фиорентина - Викторија Плзен 2:0

Лил - Астон Вила 2:1

Паок - Бриж 0:2

Продолженија во моментов играат Марсеј и Бенфика (1:0) и Фенербахче - Олимпјакос (1:0)



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 04:52