ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(38) и С.К.(36), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“.

На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 06:20