Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел одговараше на прашања на новинарите пред утрешното гостување на Баварците на Унион Берлин.

Логично, тренерот беше запрашан дали може да остане во клубот откако претходно денеска се дозна дека досегашната цел на Баерн, Јулијан Нагелсман го продолжил договорот со Германија до 2026 година.

На ова, Тухел одговори: „Тоа е во доменот на желби. Имам договор со клубот да се разделиме на лето, тоа е соопштено и останува“.

-Очекував Нагелсман да го продолжи договорот откако го стори тоа и Руди Фелер. Гледано од страна, чувствувам дека добро соработуваат. Ова на репрезентацијата и дава јасност, континуитет и, се надевам, импулс за Европското, додаде тренерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2024 19:00