Сергеј Барбарез е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ), а на функцијата е назначен денеска од Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ со задача да ја консолидира состојбата во следните четири години и да се обиде да стави крај на серијата разочарувања во квалификациите за меѓународните натпревари.
Назначувањето на Барбарез со години го бараа навивачите на фудбалската репрезентација на БиХ, но раководството на Фудбалскиот сојуз упорно го одбиваше тоа, како и сите критики на своја адреса.
Претседателот на НС БиХ, Вико Жељковиќ, претходно се закани дека „Барбарез никогаш нема да биде селектор додека е на таа функција“, но денеска пред новинарите со одбрани зборови проговори за него.
„Тука се вистинските легенди на босанскиот фудбал. Среќни сме затоа што најдовме заеднички јазик и што во следните четири години ќе се обидеме да постигнеме што е можно подобри резултати“, изјави Жељковиќ, извинувајќи се за грубите зборови и навреди кои во минатото ги упати кон новоименуваниот тренер.
„Некои работи беа кажани во афект, а само будалите не го менуваат мислењето“, рече Жељковиќ и додаде дека на репрезентацијата и и претстои тешка година и осум „пеколни“ натпревари, а целта е да се преземат мерки постепено да се обезбеди пласман на идните европски и светски првенства.
Барбарез е 16. селектор на репрезентацијата на БиХ, а на длжноста доаѓа на местото на српскиот фудбалски стратег Саво Милошевиќ.