Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2024 14:41