Едно е сигурно, почетните романтични врски се најубави. Но, по неколку месеци или години, можеби ќе почнете да размислувате за тоа дека не постои нешто што не знаете за своето момче.
За среќа, постојат мали начини на кои можете да ја оживеете таинственоста, која била секси на почетокот. Ви носиме неколку начини како да го одржите „огнот“ во врската и никогаш да не му досадите.
Изненадувајте се
Сетете се на сите активости кои сте ги правеле на почетокот. Некои од тие работи сигурно долго не сте ги правеле па не би било лошо да се потсетите на нив. Исто така, нема ништо лошо во смислувањето и некои нови работи, а решението е во тоа што тој не ги очекува.
Посветете внмание на својот изглед
Знаеме дека го сакате чувството на пријатност со својот партнер, но кога ќе претанете да се грижите за тоа што тој мисли за вас, тоа може да биде проблематично. Со други зборови, знаеме дека акате пријатни вечери во пижами покрај телевизорот, но понекогаш мора да се средите и да излезете.
Споделете ги најдлабоките секуални фантазии
Зборувајте за вашите сексуални фантазии. Едоставно е. Кажете му што сакате и нека ве изненади со тоа, тогаш кога најмалку го очекувате.
Променете ја рутината
Рутината е здрав апект на екој однос, но само во умерени количини. Прекумерната рутина може да доведе до досада, а се што треба да сторите за да го избегнете тоа е од време на време да ги промените навиите и да испробате нешто ново. Тоа не мора да биде нешто големо, само нешто во кое еднакво е уживате, на пример нов ресторан или хоби.
Поминете доволно време одвоени
За вашата врска да биде здрава, двајцата треба да одрдите колку време ќе потрошите само на себе и своите интереи. Така ќе имате поголема желба еден за друг, што не е лошо