Новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откако се пожали на натпреварувачкиот календар на неговиот тим за оваа сезона.

- Плачи повеќе, Пеп... Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, платени од газди од Блискиот Исток, и кукаш за премногу натпревари, напиша Морган на социјалната мрежа Икс.

Гвардиола синоќа изрази незадоволство од распоредот на натпреварите на „Граѓаните“ откако го совлада Челзи (1:0) во полуфиналето на ФА Купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2024 15:33