Тимот на Баер Леверкузен во последен момент го избегна првиот пораз сезонава.

Избраниците на Чаби Алонсо вечерва ремизираа со Борусија Дортмунд (1:1) во 30. коло од Бундеслигата,иако имаа негатива до дополнителната 7. минута.

Леверкузен, кој веќе го обезбеди шампионскиот трофеј во Бундеслигата минатиот викенд, ја продолжи серијата без пораз на 45 натпревари во сите натпреварувања. Имаат 38 победи и седум нерешени.

На 27 април Баер Леверкузен ќе се сретне со Штутгарт.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 04:39