Ирскиот фудбалски експерт, поранешен тренер и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин, се осврна на денешното полуфинале во ФА Купот.

На „Вембли“ Ковентри кој игра во Чемпионшип загуби од фаворитот Манчестер јунајтед на пенали.

- Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Манчестер јунајтед изгледаше како тим од Чемпионшип, изјави Кин по натпреварот.

Во финалето Манчестер јунајтед на 25 мај во Лондон ќе игра со градскиот ривал Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 04:39