Аронијата е овошје со бобичеста форма кое наликува на боровница . Таа се смета за органска супер храна и лек.

Плодовите на црната аронија се искличително богати со витамини . Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9, и многу реткиот витамин П . Содржи калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Во плодовите содржи голема концетрација на антиоксиданси ( танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, , катехини, ) Се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна, во превенција против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот, од штетни материјали па и од тешки метали. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер, сорбитрол.

Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.

Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчата. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.

Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го подобрува излачувањето на тешките метали, како и некои радиоактивни елементи од организмот. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.

Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 05:12