Спротиставете му се на стресот кој најчесто доаѓа ненадејно со внимателен избор на намирници, кои ќе ви помогнат да се опуштите.

Интегрални крекери и путер од кикирики – сложените јаглени хидрати го доведуваат во рамнотежа нивото на шеќер во крвта, додека путерот од кикирики има доволно протеини и здрави масти заедно со крекерите веднаш да ве орасположи. Се разбира, се мисли на две-три парчиња, бидејќи има калории во изобилство.

Зеленчук со сирење – малку свеж зеленчук и свежо кравјо сирење се одлична комбинација на прехрамбени влакна, протеини и калциум кои веднаш ќе ви дадат удобно чувство.

Смути од кељ – наместо кељ, може и спанаќ, блитва и сличен зелен лиснат зеленчук кој е преполн со влакна и антиоксиданти и моментално го подигнува нивото на енергија.

Тост со авокадо – авокадото е преполно со магнезиум и калиум, минерали кои го снижуваат притисокот, а покрај тоа содржат прехрамбени влакна и здрави маснотии. Заедно со интегралниот тост претставуваат генијална комбинација за смирување.

Овесни снегулки со шумско овошје и ореви – витамините од Б комплексот и овесните снегулки го стабилизираат расположението, а витаминот Ц од шумското овошје го намалува стресот. Кога на тоа ќе се додадат омега 3 масните киселини од оревите кои го креваат нивото на задоволство, го имаме вистинскиот победник во борбата против стресот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 05:13