Пеперутките во стомакот, односно вљубеноста, за жал трае само една година, откриле резултатите на истражувањето спроведено во Центарот за молекуларни истражувања на еден италијански Универзитет.

Научниците од овој Центар востановиле дека еден протеин Нгф е многу прецизен барометар на љубовта, бидејќи влијае на развојот, заштитата и обновувањето на нервните влакна. Поаѓајќи од тоа откритие, италијанските експерти спровеле интересно истражување. Го споредиле нивото на овој протеин во крвта на 58 „свежо“ заљубени личности меѓу 18 и 31 година, со луѓе кои се во стабилни долгогодишни врски, како и оние кои се сами.

Резултатите на оваа анализа недвосмислено покажале дека нивото на протеинот Нгф е највисок во крвта на заљубените личности. Но, кога истата анализа е спроведена после една година, научниците утврдиле дека нивото на овој протеин се речиси исти, ако не и идентичен со нивото во крвта на самците или личности чија врска неодамна влегла во мирните води.

Затоа италијанските научници веруваат дека овој протеин е главниот виновник за еуфоријата која ја чувствуваме кога сме заљубени, како и за необичното треперење на пеперутките во стомакот кога ќе ја здогледаме саканата личност. За жал тие со истражувањето покажале дека пеперутките во стомакот живеат само една година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 05:13