Научниците открија дека менструалниот циклус и тоа како влијае на сексуалниот живот на жените, а еве неколку совети како да го извлечете најдоброто.Во првите денови на циклусот ќе се чувствувате заводливо и расположено, бидејќи нивото на окситоцин, естроген и тестостерон е на високо ниво. Клиторисот во овој период е чувствителен, па повеќе ќе уживате и полесно ќе се возбудите.

Благодарејќи на естрогенот, сите сетила се засилени, па бакнежите ќе бидат интензивни, а партнерот попривлечен за разлика од останатите денови во циклусот.Поради дејствувањето на хормоните, во првите пет дена од циклусот ќе бидете покреативни во кревет. Таа креативност со себе повлекува и компететивност па ќе имате волја да го потчините својот маж.

Од деветиот до 14 ден на циклусот, посебно се зголемува нивото на естроген и тестостерон поради што ќе бидете расположени за флерт. Обидете се да се фокусирате на својот партнер, бидејќи студиите покажуваат дека во овој период жените дури 160 отсто повеќе гледаат други мажи. Во наредните неколку дена ќе се чувствувате добро, но поради хормоните ќе бидете посебно чувствителни ако забележите дека партнерот се загледал во друга.

Околу 21 ден од циклусот, ќе имате желба повеќе време да поминувате во кујна. Имено, прогесторенот тогаш и на вас ви буди апетит и на памет ви паѓаат рецепти за слатки и вкусни јадења. Тоа од вас го бараат хормоните, затоа што од вас бараат да се подготвите за бременост, ако сте се обиделе да зачнете во време на овулација. За да дојде до зачеток, во телото мора да има масно тквио, а хормоните се грижат за тоа.

Од 23 до 24 ден се случува неизбежниот ПМС. До 28 ден поради хормноите ќе бидете или тажни или многу раздразливи.Ако го немате чувството дека не изгледате како би сакале или ви се чини дека стомакот ви е надуен облечете секси гардероба и покажете го деколтето. Ништо нема да ве ослободи од напнатоста од ПМС како добриот секс. Една студија вели дека за време на сексот во овие дена, мажите се фокусирани на лицето.И во овој период не одете на депилација бидејќи ќе боли повеќе од вообичаено.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 05:14