Германскиот фудбалски стратег Томас Тухел, кој ова лето ја напушта клупата на Баерн Минхен, започнал прелиминарни преговори со премиерлигашот Манчестер Јунајтед, објави денеска спортскиот магазин Кикер.

Според изворот, двете страни ќе ги интензивираа прегвоорите во јуни бидејќи Тухел сака да се фокусира на својата работа со тимот од Минхен до крајот на сезоната.

Тухел го напушта Баерн по сезона во која тимот му ја препушти шампионската титула во Бундеслигата на Баер Леверкузен и беше елиминиран во второто коло од Купот на Германија. Последна надеж за трофеј е Лигата на шампионите, каде Баерн во полуфиналето ќе ги одмери силите со Реал Мадрид.

Актуелниот тренер на Јунјатед, Ерик тен Хаг не ги оправда очекувањата во тимот од „Олд Трафорд“. Јунајтед во моментов е седмопласиран во Премиер лигата, а тимот е изложен на ризик да не успее да се пласира во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2024 19:06