Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.
Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.
-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.
Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити