Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека од воздух испуштила хуманитарна помош на северот од Појасот Газа, а станува збор за пратка доволна за нешто повеќе од 30.000 оброци.

Во соопштението на ЦЕНТКОМ објавено на Х се наведува дека досега во Газа биле пренесени 1.041 тони помош.

Наведено е дека еден од пакетите паднал во плитка вода во близина на брегот и дека не се претпоставува дека биле оштетени цивили или инфраструктура, но ситуацијата ќе продолжи да се следи.

Нагласено е дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош од воздух



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 05:06