Директорот на Интер, Бепе Марота, откри дека наскоро ќе започнат разговори за продолжување на договорот со Симоне Инзаги.

Откако „нероазурите“ станаа шампиони по 20-ти пат, тој беше прашан што е следно за клубот.

-Сфаќаме колку е важна улогата на тренерот и дел од тимот. Не можете да победувате на теренот кога клубот не е цврст. Изграден е победнички модел и ние сме горди на тоа. Сакаме да го продолжиме процесот на развој, но не ни требаат револуции. Сигурно дека позицијата на Инзаги не е доведена во прашање. Ќе седнеме, ќе разговараме за продолжување на неговиот договор. Секако дека постои потенцијал за развој, да останеме активни, како што бевме во изминатите неколку години, изјави Марота.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 05:48