Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ денеска изјави дека раководството на клубот треба да го продолжи договорот со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ поради, како што наведе, неговото однесување и „спектакуларната игра“.
-Би го продолжил на уште една година, не само поради фудбалски причини, туку и поради неговото однесување. Тој е играч кој никогаш не правел проблеми и неговиот настап е спектакуларен, би се обидел да го натерам да се пензионира во Реал Мадрид, изјави Мијатовиќ за шпанското радио „Кадена СЕР“.
Модриќ, 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација, сезонава за Реал одигра 19 натпревари во стартниот тим, а во 19 влезе од резервната клупа