Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот хегемон продолжува да испишува историја во својата домашна лига. Парижаните со вчерашниот успех против тимот на Лориен со 4:1 ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа во тамошниот шампионат.
Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога беа поразени со 1:3 од Монако. Претходниот подвиг му припадна на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.
Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така се запиша и асистираше во мечот против Лориен, со што се искачи на 43 гола во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањето голови во една сезона.
Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април (сабота) ќе ја обезбедат и титулата