Руски проектил оштети клучна инфраструктура при што се повредени шест лица во украинскиот регион Черкаси, соопшти денеска началникот на локалната регионална воена администрација Игор Табурец.

Цел на нападот биле цивилната и железничката инфраструктура во градот Смела, објави на телевизија портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш. Тој прецизираше дека според првичните информации нападот бил извршен со проектил „Искандер-К“.

Во нападот се оштетени и 47 станови и биле скршени стакла на висококатница, напиша Табурец на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека украинската противвоздушна одбрана го соборила проектилот, а тимовите за итни случаи работат во погодените области.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2024 20:41