Челси ја завршува разочарувачката кампања под водство на Маурисио Покетино, што логично ги зголемува гласините за можна разделба со него. Се посериозни се информациите дека на крајот од сезоната менаџерот може да добие отказ од управниот одбор.
Во исто време, сепак, на Островот тврдат дека самите играчи на „сините“ не сакаат да биде сменет Покетино. Им се допаѓа како стручњак и чисто како личност затоа што добро се однесува кон нив. Покрај тоа, неколку млади играчи добиваат шанса да се докажат.
Во исто време, надворешните набљудувачи мислат дека Покетино се однесува прилично „меко“ со фудбалерите.
Инаку, резултатите не се добри, бидејќи Челси е деветти во Премиер лигата и е на пат да остане без европско учество втора сезона по ред. Тимот сепак стигна до финалето на Лига купот, кое го загуби од Ливерпул, како и до полуфиналето на ФА Купот, каде што беше елиминиран од Манчестер Сити.