Баерн Минхен е се поблиску до договор со Ралф Рангник, пренесе „Билд“. Двете страни се блиску до договор со кој актуелниот селектор на Австрија ќе го преземе баварскиот гигант.
Според информациите, на Рангник ќе му биде понуден договор кој ќе трае до 2026 или 2027 година. Планирана е уште една средба за да се разјаснат последните детали меѓу стручњакот и претставниците на Баерн.
Баварскиот гигант не очекува да наиде на проблеми во преговорите со австриската федерација, бидејќи тој има договор со репрезентацијата до 2026 година. Клубот најверојатно ќе плати отштета за правата на Рангник во износ од околу 2-3 милиони евра .
Шефовите на Баерн имаат целосен консензус околу доведувањето на 65-годишниот германски тренер за нов тренер на тимот. Решени се и противречностите во минатото со почесниот претседател на Баварците Ули Хоенес, кој го сметаше Рангник за „непријател на Баерн“. По неколку внатрешни дискусии, Баерн се согласи дека Рангник е вистинскиот тренер да го замени Томас Тухел.
Одлучил и добриот однос на тренерот со шефовите Макс Еберле и Кристоф Фројнд, во РБ Салцбург и РБ Лајпциг, соодветно. Ралф Рангник има добри односи и со некои од лидерите на тимот како Џошуа Кимих и Леон Горецка, а од времето во Шалке 04 одлично ги познава и Мануел Нојер и Лерој Сане.
Австрискиот интернационалец Конрад Лајмер е цврст стартер за националниот тим предводен од стручњакот, а Дајо Упамекано, кој е поранешен играч на РБ Лајпциг, ја опишува својата прва средба со Рангник како „најважна во неговата кариера“